Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги коридорите преку кои државјани на некои земји пристигнаа на островот без задолжителен карантин.

Промената ќе стапи на сила во понеделник во 4 часот по британско време. Тогаш сите патници ќе мора да покажат негативен тест и веднаш по пристигнувањето да одат во изолација, која ќе трае десет дена, освен ако лицето не се тестира повторно по пет дена и е негативно.

Премиерот Борис Џонсон ја објави новата мерка на денешната прес-конференција со која ја пофали кампањата за вакцинација.

Лондон вчера ги забрани пристигнувањата од Јужна Америка, Португалија и неколку други земји од страв од новиот вид, откриен во Бразил. Велика Британија веќе е сведок на последиците од мутацијата на вирусот. Откриениот вид во Англија се покажа како позаразен и е причина за брзото ширење на вирусот низ целата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This