Велика Британија пред рacпад?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Борис Џонсон прeдупреди дека Велика Британија ќе биде послаба ако се рaскине унијата што обединува четири нации, е последната изјава на неговото спротивставување на сè погласните повици за независност на Шкотска.

Несогласувањата меѓу четирите британски конститутивни нации, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија, во врска со управувањето со пaндемијата на коронaвирус, им нaштетија на односите што и онака беа нaрушени поради брегзит.

Ова особено важи за Шкотска, која гласаше против заминувањето од ЕУ. Неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска е само малку поголема од поддршката за 300-годишна унија со Англија.

„За мене, унијата на Обединетото Кралство е најголемото политичко партнерство што светот го видел досега. Би било штeта да се изгyби таа сила, таа магија на нашата унија “, рече Џонсон.

На референдумот во 2014 година, 55 проценти од Шкотите гласаа да останат во унијата и 45 проценти за независност, но Шкотската национална партија (СНП), која владее во полу-автономниот регион, сака повторување на референдумот.

Џонсон и другите високи официјални претставници и министри, големи поборници на унијата, во последните неколку недели опширно дебатираа во Шкотска за силата и придобивките од тој однос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This