ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕ СУДБИНАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Тереза Mej ja отфрли нацрт-опцијата на ЕУ за Северна Ирска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот на ЕУ за границата sо Северна Ирска го загрозува “уставниот интегритет” на Обединетото Кралство, рече Тереза Мeј.

Нацрт-правниот договор на ЕУ предлага “заедничка регулаторна област” по Брексит на островот Ирска – со што Северна Ирска ќе остане во царинска унија со ЕУ доколку не се најде друго решение.

Меј вели дека “нема премиер на Велика Британија кој би можел да се согласи” со ова.

ЕУ вели дека оваа опција не е наменета да ја “провоцира” Велика Британија.

По предлогот главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, ја повика Велика Британија да излезе со алтернативи.

Документот на 120 страници на ЕУ за излегување на Британија од ЕУ ги опфаќа сите прашањата за кои досега се преговараше, вклучувајќи го финансискиот договор за излез од унијата, правата на граѓаните и иднината на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска – која е членка на .

За тоа како да се избегнат погранични проверки во Северна Ирска, ЕУ вели дека е потребна таканаречената задна врата во случај да не се пронајде друго посакувано решение.

Во ова решение е вклучена “област без внатрешни граници во која е обезбедено слободно движење на стоки”, што ги опфаќа царината, ДДВ, енергијата, земјоделството, стоките и другите сектори, низ островот Ирска.

“Територијата на Северна Ирска … ќе се смета за дел од царинското подрачје на Унијата”, се вели во документот.

На ова премиерката Тереза Меј конкретно одговори дека “Нацртот на правниот текст што Комисијата го објави, ако се имплементира, ќе го поткопа заедничкиот пазар на Обединетото Кралство и ќе го загрози уставниот интегритет на Обединетото Кралство преку создавање на царинска и регулаторна граница преку Ирското Море и ниту еден британски премиер не би можел некогаш да се согласи со тоа “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This