ВЕЛИЧКОВСКИ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО САД: Началникот на ГШ на АРМ денес во работна посета на националната гарда на Вермонт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од денес до 15 мај, во рамки на партнерската програма за соработка се наоѓа во работна посета на Националната Гарда на сојузната држава на САД-Вермонт.

-За време на престојот во САД, НГШ на АРМ покрај средба со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, ќе оствари посети на неколку команди на единици од составот на националната гарда со кои единиците на АРМ изведуваат заеднички активности. Притоа ќе бидат разгледувани облиците на понатамошното учество во заеднички вежбовни активности и меѓународни мировни мисии, информираат од ГШ на АРМ.

Соработката на АРМ со НГ на Вермонт, во изминатите 24 години има динамична и сеопфатна програма на активности, како вежби, мировни мисии, семинари и многу други форми на обука, која овозможи помош на АРМ во постигнување на особено високи резултати во обуката согласно стандардите на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This