April 19, 2024, 10:07 am

ВЕЛКОВ: Никогаш не било вака, овој бостан е егзистенција на земјоделците. Владата да го реши проблемот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, повика новата влада и министерот Љупчо Николовски да го решат проблемот со бостанот и да им помогнат на земјоделците.

Како градончалник сум загрижен за моменталната состојба на земјоделците од општина Ново Село. Проблемите со цените и откупот на бостанот оваа година се огромни и се сериозно загрижувачки. Жителите на општината традиционално се занимаваат со земјоделие и со производство на бостан и ова е наша стратешка дејност. Но, оваа година штетите на земјоделците се огромни. Лани во ова веме бостанот се откупуваше од 6 до 8 денари, а сега се откупува од 1, 2, 2 ипол и 3 денари. Огромна е разликата во цената која е погубна за земјоделците, уште полошо е што и за оваа цена нема откуп. Никогаш не било вака, овој бостан е егзистенција на нашите земјоделци и затоа мора да се најде решение, истакна Велков и додаде:

Јавно го повикувам министерот за земјоделство Љупчо Николовски веднаш да дојде во нашата општина и да го реши овој огромен проблем оти бостанот ни скапува по нивите. Министерот и Владата мора да им помогнат на овие земјоделци.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This