ВЕНЕЦУЕЛА ГО ПОДЕЛЛИ СВЕТОТ НА ДВА ТАБОРА: Тензиите дополнително пораснаа кога Гваидо се самопрогласи за привремен претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната политичка криза во Венецуела го подели светот на два табора. Тензиите дополнително пораснаа кога Гваидо, претседателот на венецуелскиот Парламент, на 23 јануари се прогласи себеси за привремен претседател на земјата.

– Америка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави соопштение во кое како привремен претседател на земјата го признава Гваидо, претседател на Венецуелното национално собрание и лидер на опозицијата.

Бразил и Организацијата на американските држави го признаа Гваидо како лидер на Венецуела пред неговото официјално соопштение.

Истиот пример го следеа Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама, Хондурас, Перу и Парагвај.

Боливија, Куба и Мексико, како левичарски сојузници, беа единствените земји во регионот кои продолжуваат да го признаваат претседателството на Мадуро. Исто така, Мексико, некогаш членка на групата Лима, е подготвена да посредува во политичкиот конфликт на Венецуела.

Групата Лима е тело од 12 земји од Латинска Америка.

– Државите на ЕУ

Вкупно 19 земји членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Шпанија, Германија, Франција и Велика Британија, се приклучија во понеделникот во признавањето на Гваидо за претседател, по истекот на осумте дена за свикување на слободни, демократски и транспарентни избори во Венецуела.

Други земји кои го признаа Гваидо за привремен претседател се Португалија, Данска, Холандија, Унгарија, Австрија, Финска, Белгија, Луксембург, Чешка, Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Шведска и Хрватска.

Само две земји во Европа, Италија и Грција, се спротивставуваат на усвојувањето заедничка позиција со ЕУ во корист на Гваидо.

Италијанскиот заменик-премиер Луиџи ди Мајо одби да го поддржи Гваидо, и покрај разликите во владејачката коалициска Влада на Италија, истакнувајќи дека не бил избран од народот на нацијата Јужна Америка.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос, исто така рече дека решението на сегашната криза е дијалог.

Израел и Австралија исто така го признаваат Гваидо како претседател.

– Поддршка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази солидарност со Мадуро, еден ден по потегот на САД за Гваидо, истакнувајќи дека Турција никогаш нема да биде на страна на пучистите.

Русија и Кина се спротивставија на повикот на САД за поддршка на Гваидо и го осудија секое мешање во внатрешните работи на Венецуела.

Иран го поддржа Мадуро во оваа криза. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми, изјави дека „Иран се спротивставува на сите странски интервенции во внатрешните работи на Венецуела“.

„Јужна Африка е против секој обид за ’непотребни или неуставни промени‘ на Владата во Венецуела“, рече претставникот на земјата до Советот за безбедност на ОН.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во понеделникот рече дека глобалното тело нема да се придружи на која било страна во дискусиите околу политичката криза во Венецуела.

Бенедикт Вачира, шеф на Комунистичката партија на Кенија (КПК), ја осуди интервенцијата на САД во Венецуела, сметајќи дека е погрешна и недипломатска.

Индија повика на дијалог помеѓу засегнатите страни во Венецуела.

Палестина го опиша самопрогласувањето на Гваидо за привремен претседател на Венецуела како „обид за државен удар“ и упати поддршка на претседателот Мадуро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This