April 23, 2024, 10:14 am

ВЕНЕЦУЕЛА ИЗБЕГНА KATAКЛИЗМА: Венецуелските власти не им подлегнаа на надворешните пpoвокации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Шчетињин, директорот на одделението за Латинска Америка пpи министерството за надворешни работи на Русја изјави дека Каракас одигра паметно бидејќи не го yaпcи лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо, кога тој се врати во земјата.

„Тоа беше пpoвокација за венецуелските власти која тие паметно ја избегнаа. Тоа зборува и за намерата на Мадуро кризата во Венецуела да ја реши по мирен пат“, објасни дипломатот.

Тој додаде дека Москва не е во контакт со венецуелската опозиција.

„Гваидо има право да верува во што сака, но сите знаеме дека тој е апсолутно несамостоен политичар кој работи по инструкции од САД“, додаде тој.

Москва исто така е спремна да разговата со САД за ситуацијата во Венецуела на експертско ниво, но само во согласнот со повелбите на ОН. Русија имаше два телефонски разговори со американскиот државен секретар Помпео на кои нагласи дека е отворена за соработка.

Русија исто така размислува за повторно испраќање на хуманитарна помош во Венецуела во рамките на ОН. Тие веќе испратија една серија лекови, а добиле и список на уште лекови кои се потребни во Каракас.

Во Венецуела на 21ви јануари започнаа масовни протести. Два дена потоа лидерот на опзоцијата се прогласи за привремен претседател на земјата со поддршка на САД и неколку европски и латиноамерикански земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This