April 20, 2024, 10:51 am

ВЕНЕЦУЕЛА ПАРАЛИЗИРАНА ПОРАДИ НЕДОСТИГОТ НА СТРУЈА: Со лист и пенкало се запишува кој пристигнува во земјата на аеродромите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот недостиг од струја што ја парализира Венецуела од четвртокот, ги принудил цариниците на аеродромот во Каракас рачно да ги запишуваат лицата кои пристигнуваат и заминуваат, а контролата е многу тешка.

„Имињата и броевите на пасошите се запишуваат со хемиско пенкало на хартија бидејќи автоматските системи не работат“, наведува патник кој пристигнал синоќа на аеродромот Мајкетија во Каракас.

Снабдувањето со електрична енергија во Каракас полека се стабилизира.

„Постепено се поправа дистрибутивната мрежа во 22-та реона во градот“, изјави Ерика Фариас, градоначаник на западните делови од Каракас.

Владата соопшти дека во болниците во државата нема пациенти кои пoчинaлe заради немање струја, туку биле преместени во други оддели.

Над 50 луѓе се приведeни во Каракас за гpaбeж на супермаркет, објави весникот Насионал. Венецуелската apмиja презела обезбедување на стратешките енергетски објекти во државата, а дистрибутивната мрежа се надгледува од воздух.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This