ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ СКАРАЛ СО ШЕФОТ НА КАБИНЕТ: Дејан Блажески, шефот на кабинет на министерот за здравство си поднесе оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дејан Блажески, поранешниот шеф на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче во изјава за „Фокус“ потврди дека и официјално си поднел оставка од функцијата и дека нема намера да се враќа во министерството за здравство.

„Мојата одлука е конечна. Оставката е и официјално поднесена и побарав и раскинување на договорот. Со сите колеги во кабинетот на министерот имавме коректен однос, но главните несоогласувања беа со министерот околу начинот на водење на здравствената политика. Јас сметам дека во здравството треба да се вложува за да ги подобриме условите во кои се наоѓа моментално. Имавме различни ставови по одредени прашања и јас за тоа се повлеков – тврди Блажески, пренесува Фокус.

Блажески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а подоцна магистрирал и докторирал и е доктор во областа на економските науки.  Тој, претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Блажески доаѓа на работа во министерството за здравство по доаѓањето на Филипче за министер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This