ВЕРНИОТ „ЧОВЕКОЈАДЕЦ“ НА ЗАЕВ: Судијката Кацарска суди луѓе за кои нема елементарни докази за вина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијката Добрила Кацарска во само два дена го осуди Ѓоко Поповски на над 15 години затвор во два случаи во кои нема елементарни докази дека е виновен. Поповски, поранешниот помошник министер за финансии, мина низ чист политички монтиран процес, обвинет од чисто политичка инсталација во правосудниот систем, осуден од суд и судии реформирани од Зоран Заев, кого истиот суд во исто време го ослободи за школски пример за мито и корупција!

Ѓоко Поповски е жртва на неправосудството кое картелот на власт го претвори во џелат- извршител. Во правосуден амбиент за кој што веќе и европските поддржувачи на октроираниот Заев реагираат, судијката Добрила Кацарска му пресуди 15 години затвор, поведена само и само од желбата да му удоволи на Заев, очекувајќи потоа од него, како главен „реформатор на правосудството“ да и ја исполни желбата и личната амбиција да биде претседател на Апелациониот Суд!

Кацарска не е поведена само од амбициите и желбата да се докаже пред Зоран Заев како негов верен човекојадец и послушна личност во судството, туку и од личното искуство и благодет искусено од блискоста со партијата- сега картел на Заев, кои помеѓу 2004-та и 2008-мата и овозможи да биде претседател на кривичниот суд.

Што тоа виде Кацарска во налетот на своите амбиции да му се додвори на Заев за да затвори човек на над 15 години зад решетки? Што тоа сторил Поповски при набавките на блиндираното безбедносно возило или за 300-те возила за потребите на полицијата? Ниту имаше елементарен доказ, ниту пак нечие сведочење наведуваше на лична корист, ниту на коруптивен елемент, ниту пак компаниите од каде се набавени возилата не оствариле некаква повисока корист од предвидените. Слепата амбиција на Кацарска не увиде дека Поповски не сторил незаконска набавка, дека нема ништо незаконско во спроведените тендери. Кацарска не виде дека Поповски не бил дел од комисијата која спроведувала набавка, ниту пак дека и второстепена комисија одлучува по жалба, па дури потоа, по сите испочитувани законски процедури , Поповски склучува договор со компаниите избрани со решение од комисијата.

Но, подраконско од 15-годишната неправда врз Поповски е одлуката на Кацарска од него да побарува 450.000 евра! Оваа одлука нема никаква врска ниту со правото, ниту со правдата. Возилата предмет на оваа политичка пресуда веќе 10 години се дел од полицискиот возен парк, а самоназначениот главен правосуден реформатор, аболицираниот, помилуваниот и ослободениот Заев, веќе цела година се вози во блиндираниот мерцедес!

Сега Кацарска се сети како да му удоволи на властодржецот и за да си ја обезбеди фотељата на чело на Апелација, таа му овозможува на Заев конечно да го прикаже „бројчаникот за вратени украдени пари“. А парите ниту се украдени ниту пак, државата претрпела штета. Дури ни судот не констатира дека има „украдени пари“

Вакво постилање на правдата под нозете на алчноста за власт, вакви пресуди за исполнување на лични амбиции и задоволување на властодржецот, не само што е срам за македонското судство, туку е и причина повеќе државата да трпи критики за заробено судство. Однесувањето на Кацарска и на Заев, по чии прогнози и’ се поделени последните пресуди, воопшто не се во релација на бараните реформи или толку споменуваниот „водич“ од препораките на Рајнхард Прибе. Ваквите пресуди и ваквото понижување на судството од страна Добрила Кацарска како извршител на октроираниот картел на власт не и носат добро на Македонија на патот на евроитеграциите. Напротив, веднаш по пресудите, осамна ткн. Нонпејпер во кој се наведува дека оваа „ЌЕ“ Влада нема ништо во насока на ветуваните реформи во правосудството. А како би имало реформи кога аболициран криминалец, ослободен корумпиран градоначалник, ги замени правните експерти и самиот, од позиција на носител на извршната власт, ги презеде реформите во судската власт!

Валканиците во правосудството, провидните обиди за покривање на политички монтираните случаи, нема да се заборават и порано или подоцна ќе доживеат ревизија и од аспект на осудените и од аспект на судиите. Ниту нововетената функција на Кацарска, ниту нејзините соработници, ниту пак капиталот на актуелниот картел на власт, нема да успее да ги заштити за актуелните политички пресметки со неистомислениците во Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This