ВЕРНИЦИТЕ ОД ГРЦИЈА НА ПОКЛОНЕНИЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИЛИШТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските манастири и цркви и древното културно наследство зачувано од Охридската архиепископија стануваат сѐ почеста дестинација за православните верници од другите држави, што е големо признание за самата Македонска црква и за нејзиниот жив дух, но и за развојот на популарниот манастирски туризам, кој го практикуваат многу православни држави.

Според информациите на монасите, кои имаат директен контакт со оние што ги посетуваат манастирите, сѐ повеќе расте интересот на грчките туристи за посета на македонските дyхoвни светилишта. Особено, ваквата состојба е забележана по потпишувањето на Преспанскиот договор, откога сѐ почесто се случува грчки верници да доаѓаат во земјава и со организирани тури да ги посетуваат македонските манастири. Најпосетувани се Бигорскиот манастир, но и манастирот во Зрзе и манастирите и црквите во Охрид, како и струмичките манастири Водоча и Вељуса.

Според искуството на верниците, ова е одличен начин да се запознае духовното наследство во нашата земја, но и да се посетат различни дестинации каде што православието оставило печат, како и да се едуцираат луѓето за она што ја отсликува православната вера.

Друг момент за обележување во односите меѓу двете држави, според неофицијални информации, се и зачестените нефopмални средби на претставници на МПЦ со Грчката црква.

Од МПЦ велат дека македонските свети места и манастири најмногу ги посетуваат гости од Грција, Бугарија, Русија и од Србија.

– Се посетуваат Охрид и светите места низ Охридско, Бигорскиот манастир, Трескавец, Варош, Водоча и Вељуса, Лесновскиот и Осоговскиот манастир, потоа градот Битола и тамошните храмови – додаваат од МПЦ.

Инаку, во Македонија има околу 2.000 цркви и манастири, кои потекнуваат од различни периоди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This