Верници од Сплит со пет автобуси пристигнаа за миса со папата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола денеска имаше молитва и се вршеа подготовки за утрешната посета на папата Франциск во Скопје. Црквата беше исполнета со гости од Хрватска, кои патуваа преку Битола до Скопје, за да бидат дел од светата литургија која ќе ја одржи папата.

-Татко сум на девет деца, мојата жена го чека десеттото, не можеше да дојде, тука со осумте деца. Дојдовме преку Албанија, 5 автобуси од Сплит, ги повикавме браќата кои можеа да дојдат. Гледаме дека папата има желба да му донесе на светот радост, истакна Хрвоје, посетител од Сплит.

Интересот за да се присуствува на светата литургија бил голем, а од католичката црква во Битола, организирале автобус за верниците.

-Утре рано во 3 часот ќе тргенеме со автобусот за да стигнеме во Скопје до 6 часот и да одиме кон местото каде папата ќе има литургија. Ќе има и други верници кои ќе одат со приватни автомобили, некои со воз, нив ги има некаде околу 70-80 верници. И тука нема само католици, се пријавија и православни, муслимани, секој кој сакаше, никој не беше одбиен и сите беа добредојдени, изјави Дон паво Шеќерија, Црква „Пресвето срце Исусово“- Битола.

Подготовките во Католичката црква во Битола започнале уште откако беше објавено за посетата на папата. Верниците духовно се подготвуваа, а после секоја литургија ја кажуваа молитвата за доаѓањето на папата Франциск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This