ВЕРСКИ КАЛЕНДАР: 1 февруари 2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јануари.

Денеска е Преподобен Макариј Египетски.

Овој Макариј, кого црквата го нарекува уште и Велики, се роди во Горен Египет, во 300 година. Кога стаса за женидба родителите го оженија против негова волја, но жена му умpе по неколку денови, а наскоро умpеа и родителите, а Макариј го остави светот и се повлече во Скитската пуcтина (денес Вади Хабиб, на границата меѓу Египет и Либија). Со време свети Макариј стана голем духовник, поминувајќи го целиот свој подвижнички живот во длабоко смирение. Се упоkои во 390 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Арнолд.

Во покраината Горна Австрија, во Реикенсберг и денеска се наоѓа голем древен августински манастир. Познатата книга “Света земја Баварска” проповедува за животот на Арнолд кој живеел во манастирот. Податоците во книгата укажуваат дека бил надпросечен човек и почитуван како светец. Писателот во книгата на посебен начин ги опишал последните мигови од животот на овој светец во 1166 година, кога ѓаволот го вознемирувал и го принудувал да се одрекне од Христос. Арнолд ги повикал своите монаси да се молат со него и така со молитва на Господ му ја предал својата племенита душа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This