ВЕРУВАМ ДЕКА ЦК ИМАЛЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДА ГО ИСКЛУЧАТ МИЈАЛКОВ: Заев не сака помирување, само бара начин да го задржи 2/3 мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, актуелен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, со коментар за последните политички случувња.
Според Милошоски, Законот за амнестија е со цел да се спречи нудење селективна правда по партиска волја.

Ако владејачкото мнозинство не го прифати законот за амнестија, тоа ќе значи дека не е вистина националното помирување што го понуди премиерот Зоран Заев, туку се е, и било, само во функција на обезбедување и задржување на овие 80 пратеници неопходни за промена на Уставот заради промена на уставното име. – вели во интервју за Алфа пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Во таа насока, според него ниту најголемата опозиција нема да прифати учество во т.н. тело за помирување.

Но во меѓувреме, власта интензивно преговара за учество во ова тело на осуммината клучни гласачи за отворање на Уставот, а кои најавија собраниска егзистенција како „независни пратеници од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“.

Самиот состав на ова тело покажува дека главната цел на Заев не е национално помирување туку само задржување на двотретинското мнозинство, што е спротивно на мандатот што сите овие луѓе го имаат добиено од граѓаните. – нагласува тој.

На прашањето што има вистина во обвинувањата напишани во отвореното писмо од сега исклучениот од партијата, Сашо Мијалков до претседателот Христијан Мицкоски, Милошоски со одговор:

Јас не сум дел, но знам дека членовите на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ едногласно одлучија, на тајно гласање, дека Мијалков треба да биде исклучен, и верувам дека докази за така да одлучат имале цврсти.

Ваквите писма одат само во прилог на целите и мисијата на Заев за насилна промена на името. Долгогодишни соработници не треба да пишуваат писма, туку е подобро лично да поразговараат. Сето друго му користи само на Заев. – нагласува Милошоски.

Во врска со шпекулациите дека ќе биде идниот потпретседател на најголемата опозиција, тој потенцира дека со никого не разговарал на темата, но дека сега му е важно доследно да го исполни она за што е избран од граѓаните.

Дали ќе се продава палатата „Христо Татарчев“ Милошоски рече нема информации, но лично смета дека партијата би било поекономично да е сместена во помало издание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This