ВЕСЕЛИНОВСКИ: Tepopистите од Диво Насеље бараат ист третман како обвинетите за 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Настаните од 27 април се подведени под кривичното дело „тероризам“, исто како и настаните за Диво Насеље. Имајќи ги предвид начелата кои важат во Законот за кривична постапка, мое мислење е дека за двата настана треба да се постапува еднакво во правниот систем на Република Македонија, рече Љупчо Веселиновски, адвокат на Фадил Фејзулахи, осуден за настаните во Диво Насеље, пренесува Макфакс.

Како што вели Веселиновски, кај семејствата на осудените од Диво Насеље постои револт поради селективното постапување на судот каде што настаните од 27 април се ставени во прв план, а предметот Диво Насеље е запоставено во смисла на тоа дека 14 месеци предметот стои во Основниот суд Скопје 1 иако жалбите по првостепената пресуда биле навремено поднесени до Апелација.

„Сите рокови се поминати, предметот Диво Насеље 14 месеци стои во место. Кога пред 10 дена затворениците почнаа да штрајкуваат поради Законот за амнестија, осудениците од Диво Насеље исто така почнаа да штрајкуваат, но не поради некаква амнестија туку за тоа да продолжи да се одлучува за предметот по жалбите. Тоа сè уште тапка во место, очекуваме овие денови Апелацискиот суд  да преземе дејствија и да закаже седница каде ќе ја докажеме правдата“, рече Веселиновски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This