April 20, 2024, 12:55 am

Весна Бејби за новото момче: „Мора да оди на одобрување кај Џамбазов“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска неодамна за естрадниот мазгазин „Бекстејџ“ откри дека по долго време повторно е заљубена и не е „сингл“.

„Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави актерката пред некое време.

Весна беше гостин во емисијата „Еден на еден“ каде истакна дека осум години не е во брак и дека не и фали брачниот живот.

Меѓутоа, таа откри и нови детали за својот нов партнер и љубовна врска. Имено, актерката истакана дека заедно се веќе еден месец и дека е среќна. Исто така откри дека македонскиот шоумен Игор Џамбазов побарал партнерот на актерката да оди на одобрување кај него.

„Џамбазов ми се јави пред некој. И ми вика: Ааааааа не си го донела на одобрување. Сега ќе му го однесам на одобрување и ќе видиме што ќе каже. Којзнае што ќе му каже, обично ги преплашува луѓето. “ објасни Петрушевска.

Се надеваме дека тешкиот и лош период низ кој помина Бејби е само една завршена претстава, а дека од сега ќе ја следат само убави и среќни моменти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This