ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА:Имам нов партнер, не кажувам детали за да не ме урочат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерката Весна Петрушевска во интервју за „Бекстејџ“ открила дека има нов дечко и е посреќна и позаљубена од било кога. Иако е релативно краток временски период во врска, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.

– Еве ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат,
изјавила актерката.

Македонската актерка Весна Петрушевска Бејби се потсети на убавите времиња поминати во далечната 1980 година.

Деновиве на својот Фејсбук профил, Весна објави фотографија на која е заедно со нејзиното семејство на плажа.
Вака се сликаше во 1980 година после плажа. Строго во два реда , јас сум тоа девојчето крајно десно,сестра ми до мене природно,долу мама, горе до Маја тато, напиша актерката во објавата.

Весна Петрушевска веќе години наназад ужива во улогата на мајка. Таа е мајка на две посвоени дечиња, а прекрасните Мина и Кирил се центарот на нејзиниот универзум.

Пред извесно време актерката наиде на едно прекрасно видео, каде едно посвоено момче испраќа моќна порака до својата биолошка мајка и до сите останати. Весна инспирирана од ова емотивно видео даде поддршка од се срце и го изрази својот став на оваа тема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This