ВЕТЕРАНИТЕ ЗАСТАНАА ЗАД МИЦКОСКИ: Во одбрана на идеологијата и аманетот што ни го оставија нашите предци, „Македонија на Македонците“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Манојил (Мане) Јаковлески: Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Претседателот Христијан Мицкоски во одбрана на идеологијата и аманетот што ни го оставија нашите предци, „Македонија на Македонците“.

Модерните “јаничари“ интересџии или поточно дел некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа во партија и добија функции, очигледно неможејки да се навикнат во опозиција, ѝ го свртија грбот на партијата, едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зашто станаа луѓе од „ниедна вера“.

Ние Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ, не се споредуваме со полтронашите, профитерите,Тие не се ВМРО. Ние никогаш нема да се симнеме на нивното ниво.

Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата е ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски, зад кој стојам не само јас како еден од основачите на партијата, туку и огромен дел од верното-старо членство-ВЕТЕРАНИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат некакви маргинални и платени функционери кои очигледно неможат да издржат кога партијата е во опозиција-се разбира затоа што во опозиција нема пари, а тие бегалците се влезени заради личен интерес.

Продолжуваме уште пообединети, посплотени, поединствени!
ВМРО-ците не забораваат!
ВМРО-ДПМНЕ Вечно!
Македонија вечна!
АМИН!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This