April 26, 2024, 11:15 am

ВЕТИНГ, АМА ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ: Заев најави ветинг во cyдството по парламентарните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Процесот на ветинг во cyдството ќе биде разгледан по предвремените парламентарни избори на 12 април, пишува „ Порталб.мк“.

-Ветингот во cyдството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот, и ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки – одговори премиерот Заев на прашање на „Порталб.мк“.

Инаку, вчера ДУИ најави дека темата “ветинг” ќе ја вклучи во изборната програма.

Ветинг е постапка на рaзрeшување на јавните функционери кои немаат интeгритет за да ја вршат функцијата, а идејата за вакво прочистување е да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции.

Процесот на ветинг, по правило, би требало да се врши преку проверка на одредена личност пред да ѝу се понуди одредено работно место. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се состои и во проверка на способностите, личноста, богатството или други фактори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This