Ветото останува – Радев го известил Макрон и Германија дека историските прашања мора да се решат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија не се откажува од историските тврдења за Македонија кои и натаму претставуваат услов за отстранување на ветото, што се забележува и според настапот на бугарскиот претседател Румен Радев при вчерашните средби со францускиот и германскиот колега, Емануел Макрон односно Франк-Валтер Штајнмаер, пренесува порталот „Еурактив“.

Радев на средбата со Штајнмаер изразил очекувања дека Македонија ќе преземе конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, јавните медиуми, да запре со фалсификување на бугарското културно-историско наследство и особено да ги почитува правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет. А при разговорот со Макрон повторил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Македонија, што ќе гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права и прекин на говорот на омраза.

Ваквата бугарска позиција открива дека Софија не се откажува од историските прашања, откако во изминатите два месеца, Софија во повеќе наврати сигнализираше и дека настојува на почитување на правата на Бугарите во Македонија.

Четирите бугарски партии кои се очекува да ја формираат идната владина коалиција исто така изразија став дека нема да брзаат со отстранување на ветото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This