ВЕТУВАА НЕШТО ДРУГО: Тевдовски и Заев го качија јавниот долг над 50 % а ја убедуваат јавноста дека го стабилизирале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Тв Алфа „Отворено“ гостуваше министерот за финансии Драган Тевдовски кој даде шокантна изјава дека Владата успеала да го стабилизира јавниот долг. Имено, според сите релевантни институции јавниот долг прв пат ја надмина психолошката граница од 50 % или според извештајот на ММФ јавниот долг кон крајот на 2018 година изнесувал 50, 8 % додека до 2019 година се проценува да достигне над 50 % што според експертите е загрижувачки и опасно за една кревка економија како што е македонската.

Исто така со ревидираната фискална стратегија 2019 – 2021 година од Министерството за финансии јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54,5 отсто од БДП.

Голем дел од економистите сметаат дека ваквата состојба воопшто не е поволна за економијата и дека големиот јавен долг ја носи земјата по многу опасна патека во економска смисла.

Инаку, СДСМ пред да дојдат на Власт постојано говореше дека зголемувањето на јавниот долг е опасно и алармантно и кога јавниот долг достигнуваше само околу 47 % од БДП додека сега изјавуваат дека надминувањето од над 50 % е во ред и дека граѓаните не треба да се загрижуваат околу овој факт.

Според официјалните податоци на Светска Банка во чиј извештај беше објавено дека долгот на Македонија ја надминува психолошката граница од над 50 % и во извештајот од Министерството за финансии беше објавено дека јавниот долг пораснал 415 милиони евра во 2018-та година.

Тевдовски

Тевдовски

Posted by Економски on Thursday, March 14, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This