ВЕТУВАШЕ СЕ И СЕШТО НА СЕКОГО: Заев за да стане премиер побара поддршка од секого и вети се`- прелесно вети дека ќе го сменат името на Република Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владите работат според ветувањата кои ги дале, некои ветувања се дадени јавно пред граѓаните, а некои ветувања веројатно се дадени тајно на фактори кои не се гласачи во Македонија. Мислам дека оваа Влада во еден добар дел, без разлика дали зборуваме за платформата од Тирана или за меѓународниот фактор, дел од тој фактор кој што помогна за оваа инсталирана Влада, доби ветувања од Заев кој знаејќи дека сам не може да стане премиер, побара поддршка од секого и вети се` што смета дека некој сака да го добие.

Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и високиот партиски фуницонер Антонио Милошоски, кој денеска беше гостин во Дневникот на Алфа телевиизја.

-Според мене многу прелесно е ветено од страната на Заев дека ќе го сменат името на Република Македонија или ќе најдат решение кое ќе ја задоволи соседна Атина, за да може тоа да биде на задоволство на некои меѓународни чинители кои имаат други цели во регионот, рече Милошоски и додаде:

„Она со „Фајненшел тајмс“ од денес, може да згреши некој друг весник, но „Фајненшел тајмс“ тешко прави такви грешки, особено не кога има личен контакт со министерот кои има своја изјава во наведениот текст и голема е разликата од првиот наслов каде што пишуваше- Македонија предлага смена на името за членство во НАТО, до вториот наслов после реакцијата каде што вика дека- Македонија разгледува членство под референцата во однос на НАТО. Но, како и да е вистините, ветувањата, фактурите брзо стигнуваат и брзо излегуваат на виделина. Она што навистина ме изненадува, не многу пријатно, е што новата Влада во многу краток број на денови направи прилично голем број на гафови, пропусти и не очекував толку брзо да девалвираат одредени сериозни теми.“

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This