ВЕТУВАЊЕТО НА ТРАМП СЕ ОСТВАРУВА: Прва заедничка акција на САД и Русија во Сирија – бомбардирани позиции на ИСИС во Ал Баб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија од САД добила координати за позицијата на терористичката организација ИСИС во близина на градот Ал Баб во сирискат провинција Алепо, по што руската авијација во соработка со меѓународната коалиција предводена од САД извршила воздушни напади, соопштува руското министерство за одбрана

al_bab

Во бомбардирањето на покрај двата руски авиони учествувале и два авиони на меѓународната коалиција, а гаѓани се и објекти кои припаѓаат на терористите.

Агенцијата АП наведува дека доколку овие тврдења ги потврди и официјален Вашингтон, оваа мисија ќе претставува прва координирана акција на Русија и коалицијата на чело со САД против ИСИС. Министерството наведува дека во оваа прилика се уништени неколку складишта за муниција и воена техника, како и депоа со гориво, а оценето е дека соработката со меѓународната коалиција дала исклучително ефикасни резултати.

Истовремено, Русија е во соработка со Турција, а во два наврати реализираше заедничка операција за бомбардирање на терористите, исто така во Ал Баб. Во првата тура на 18.јануари, уништени се 36 цели на терористите, додека во вчерашната додатни 22 објекти. Вкупно учествувале по 12 авиони на руската и турската авијација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This