Вечерва е посебна ноќ – знаете ли што носи Супермесечината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниот месец од годината зазема посебно место во астрологијата, бидејќи носите значајни промени. За среќа, тие се главно добри. Последната полна месечна во 2017 година ќе биде на 3 декември, односно вечерва и тоа дента кога за Близнаците Меркур е ретрограден. Тоа воедно е и појава позната како Супермесечина, бидејќи тогаш Земјиниот сателит ќе биде поголем и посветол.

Доколку погледнете вечерва кон небото, ќе сведочите на нешто навистина спектакуларно – огромна супермесечина, која ќе биде исклучително голема и сјајна, пишува Би-Би-Си.

За „супермесечина“ потребни се две работи – мора да е полна и мора да биде посебно блиску до Земјата.

Месечината околу земјата се движи во овална орбита и во еден момент е поблиску, а во друг подалеку од Земјата.

Положбата кога е најблиску до Земјата се нарекува перигеј, а кога е најдалеку се вика апогеј.

Супермесечината обично е 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна од полната Месечина.

Вечерва, ако излезете надвор, некаде каде нема многу улично осветлување, погледнете во небото. Ако ја здогледате Месечината додека е блиску до хоризонтот, ќе се случи оптичка илузија поради која Месечината ќе изгледа уште поголема и поспектакуларна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This