March 28, 2024, 10:38 pm

Вечерва не очекува порoeн дожд и гpмeжи, нeврeмe ќе има до вторник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето до крајот на денот во делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови постепено ќе се стабилизира.

Сончево со мала до умерена облачност не очекува утре претпладне. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје, утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До вторник, како што соопшти УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This