ВЕЧЕР Е ЗДРЕБКАТА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ: Еве кои клубови ќе ги сочинуваат групите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во средата вечерта беа добиени и последните учесници во годинашната сезона од Лигата на шампионите каде титулата ја брани мадридски Реал, а ждрепката за групите од најсилното континентнално натпреварување ќе се одржи вечерва во 18 часот во Монте Карло.

Директен пласман во Лигата на шампионите обезбедија 26 клубови, додека шест до овој успех стасаа преку квалификациите.

Пред ждребот клубовите се поделени во четири групи според квалитетот, односно досегашните резултати на меѓународна сцена, а ќе бидат извлекувани осум групи со по четири клубови. Во групите не може да играат два клуба од иста земја.

Носители на групите се европскиот шампион Реал Мадрид, победникот на Европската лига и Супрекупот, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јуентус, Пари Сен Жермен и Локомотив Москва.

Натпреварувањето по групите започнува на 18-ти и 19-ти септември, а финалето ќе се игра во Мадрид на стадионот на Атлетико – „Ванда Метрополитано“.

Вака изгледаат пуловите од кој ќе се влечат групите:

Листа на клубовите кои годинава ќе играат во Лигата на Шампионите:

ШПАНИЈА: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Валенсија;
ГЕРМАНИЈА: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке, Хофенхајм;
АНГЛИЈА: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул;
ИТАЛИЈА: Јувентус, Наполи, Рома, Интер;
ФРАНЦИЈА: Пари Сен Жермен, Лион, Монако;
РУСИЈА: Локомотив Москва, ЦСКА Москва;
ПОРТУГАЛИЈА: Порто, Бенфика;
ХОЛАНДИЈА: Ајакс, ПСВ Ајндховен;
УКРАИНА: Шахтјор Донецк;
БЕЛГИЈА: Клуб Бриж;
ТУРЦИЈА: Галатасарај;
ЧЕШКА: Викторија Плзен;
ШВАЈЦАРИЈА: Јанг Бојс;
ГРЦИЈА: АЕК Атина;
СРБИЈА: Црвена ѕвезда;

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This