ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАКУ: Сведоштво за заседата кај караулта во с.Рибница, организирана од дезертерот на АРМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадник на резервните сили, како дел од доброволците кои застанаа во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Р.Македонија од 2001-та, на социјалните мрежи по повод 17.годишнината од загинувањето на еден од војниците, напиша свое сведоштво за настанот

Тој сведочи за тоа каква била ситуацијата, за она што го затекнале на терен. Од огромни бункери со сите соодветни услови за живот, до хеликоптери – како што тврди на НАТО – кои ги евакуирале терористите на УЧК.

 Вечна ти слава Јунаку… Пред 17год. после кукавичкото убиство од заседа, ние бевме првите Македонски воружени сили што отидовме на Местото на Погибјето. Што туку потпишан Кобниот Рамковен, наводно примирје, НАТО гарант на договорот. Ние Прилепчани 10 резервисти, сите млади на околу 20год. тргнавме на деминирање на пат и селото, кога од кај Бибај неколку рафални стрелби. Преставници од НАТО со нашите старешини и преведувачка од Ск која хистерично и во паника викаше, леле изгинавме, леле изгинавме 🙂 🙂 па како големи кавалери моравме да ја откажеме акцијата, Дамата и Чиновниците беа изненадени од пукотниците, беа дојдени да ни покажат дека нема повеќе војна… Вториот ден трнавме, секако без Гарантите на Мирот. Стигнавме пред бункерот од каде беше убиен Миле, тоа го знаевме и од предходно искуство поради Белиот Камен~Плоча кој се НАОЃАШЕ пред секој бункер на некои 100м. Ги знаете оние бели камења за маркација, за Авионско маркирање и познавање на теренот. Тие беа тука, сигурно за леталата на НАТО, да знаат каде се бункерите, да не се случи грешка при Кординацијата. Изненадувањето од пукањето беше од причини што предходните денови, 3~4 дена се одложуваше акцијата за деминирање на теренот на Барање на Гарантот НАТО, кој во тие денови ги дислоцираше терористите со Хелихоптери ( ги гледавме на двоглед, да ги познавав, можев на име и преиме пилотите да ги кажам, толку бевме блиску и јасно се гледаа ). Кај еден друг бункер, огнот сеуште чадеше, буквално саати пред нас ги кренаа ( ова го пишувам, зашто цело време не убедуваа дека нема терористи и дека теренот е Чист ).
Во близина на бункерот ја НАЈДОВМЕ Крвавата Чизма на Миле, Бог да го Прости. Онаков Бункер, прв пат сретнував. Беше огромен и со повејќе делови. Имаше укопано погoлем амфитеатар, каде одржувале состаноци со голем број Терористи. Најдовме големо подземно складиште и големо количесрво на Оружје во истото, едно од поголемите воопшто најдени. Имаше многу огнови, клупи, маси и што уште не, што значи Бил Команден Бункер за важни членови ( имам и слики од бункерот, ако ги најдам Че ги објавам ). Друга интересна работа што често ја спомнувам, и не ми е јасна, со кого то општеле, сами ли со себе, 🙂 во Бункерот имаше, ама буквално со врејќи Кондоми, илјадници и илјадници, имаше и користени, како човек да се нашол во Јавна Кујќа, а не во воена зона.
Чудно е зошто патролата била пуштена, кога јасно се знаело за присуството на Терористите. Од споменатите, а и други Постапки, повејќе од јасна беше Добрата Кординација и Соработката на високо ниво, односно Делувањето како едно на НАТО и Трористите. Прашање е кој е повејќе одговорен за смртта на Миле, НАТО или терористите …?
Има уште еден тон слични и полоши дејствија на Злото НАТО. Ете затоа не ги ни сакам, па ни сакам да бидеме дел од тоа друштво на Злосторници. Вие шо се кријавте по плажите на Егејот, затоа никогаш неможете да сватите зошто Паталците не сакаат да слушнат за НАТО Злосторниците, да сватите дека нас животот и искуството ни го оформило нашето мислење, а некој куртон партали, наменети за перење на Мозоци кои не искусиле Вистина …
Добро е понекогаш да се споделуваат искуствата за Вистинскиот Живот, оти имаше многу кој не искусиле, некои се Прогласиле за НЕСПОСОБНИ, а сега ја кројат судбината и одлучуваат за Сојуз и не убедуваат колку е тоа добро. Ве разбирам и вас, знам дека е добро таму по Апартманите во нај добрите Хотели, по пијанките и дружбите со и во НАТО, придобивките за Вас лично, но знајте дека има една друга, жална и Болна Вистина, Вистина за Вистинското НАТО, Злобното Сатанистичко Здружение НАТО, одговорно за милион зацрнети Фамилии, за без Број Црни судбини, за Злото нивно напраено, кој нормален Човек не би му го Посакал ни на Нај Големиот Душман, е тоа е вистината за НАТО, во која нема Ништо Бајковито, како што се обидувате да го преставите.
За ова зло не вреди да се жртвува ни кучето од комшијата, а не цел еден Народ со се Држава …
БОЈКОТ во Чест на паднатите жртви, предизвикани од НАТО…
Вечна ти Памја Миле, хероју Македонски ……

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This