ВЕЧНИОТ ГУБИТНИК, ПЛАЧКОТО ШИЛЕГОВ: Народот го порази СДСМ и сите негови манипулации- вечниот губитник Шилегов не признава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на кандидатската листа во шестата Изборна единица, Петре Шилегов излезе јавно и не сакаше да признае дека неговата партија е поразена на изборите. Тој истакна дека владата ќе ја формира СДСМ, без да прецизира дали мисли на подоцнежни коалицирања со албанските партии
silegov-tearce

СДСМ не успеа вечерва да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијалните резултати после затворањето на гласачкото место во 2011 во Теарце, во шестата изборна единица, опозициската СДСМ не успеа да освои доволен број гласови за да направи пресврт во бројот на мандати во оваа изборна единица. Неофицијално за ВМРО-ДПМНЕ денеска гласале 149 лица, за СДСМ 250, а четири биле неважечки.

Сепак и покрај овој резултат, носителот на кандидатската листа во шестата Изборна единица, Петре Шилегов излезе јавно и не сакаше да признае дека неговата партија е поразена на изборите. Тој истакна дека владата ќе ја формира СДСМ, без да прецизира дали мисли на подоцнежни коалицирања со албанските партии.

Тој го повтори ставот дека гласањето во Теарце било само формално.

– Гласањето овде е повеќе од симболично и не влијае на тоа кој ќе ја состави владата. Владата ќе ја формира СДСМ. Тоа што знам е дека ова е последен пат да се извитоперува волјата на граѓаните – рече Шилегов.

Во избирачкото место 2011, каде што се прегласуваше, запишани се 714 гласачи. За СДСМ да освоеше пратеник потребно беше да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Но, неофицијалните резултати, кои доаѓаат од партиски извори, јасно укажуваат дека нема доволно гласови за да дојде до промена на мандатите.

Во изборната единица шест, ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември освои четири мандати, СДСМ доби три, а ДУИ успеа да добие шест мандати. Истиот распоред останува и по денешното гласање.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This