„Вечepњи лиcт“- добpocоседство со Бугapија: Maкедонците нe пocтојат, тиe ce пpoдyкт на Tитo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум специфични барања се однесуваат на толкувањето на Бугарија за тоа како треба да изгледа спроведувањето на потпишаниот договор за пријателство со Македонија во пракса, пишува „Вечерњи лист“ кој имаше увид во меморандумот споделен од бугарската дипломатија до земјите-членки на ЕУ.

Македонија очекува првата меѓувладина преговарачка конференција да биде свикана до крајот на годинава за време на германското претседателство. формално се отвораат првите поглавја, но овој пат на Бугарија и се заканува блокада, пишува хрватскиот весник.

Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, туку исклучиво „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Бугарија остава впечаток дека го користи членството во ЕУ за да го негира македонскиот идентитет.

„Процесот на проширување не смее да го легитимира етничкиот и јазичниот инженеринг што се случи за време на поранешните авторитарни режими“, напиша бугарската дипломатија во документот споделен со другите земји-членки.

Комитетот на постојани претставници (Корепер), во кој членуваат амбасадори од сите земји-членки на ЕУ, разговараше за ова прашање на вчерашниот состанок на Советот на ЕУ во Брисел.

Бугарскиот претставник дистрибуираше „меморандум за појаснување“ во кој се истакнува бугарската верзија на историјата во која придавката „македонски“ не означува национален идентитет, туку географско потекло затоа што „географски и историски Македонија е област која денес лежи во границите на шест држави“, објаснуваат Бугарите.

Тие додаваат дека Јосип Броз Тито наметнал „нов идентитет“ на луѓето кои претходно се декларирале Бугари, Србите подоцна сакале да ги идентификуваат како „јужни Срби“, а Тито ги прогласил за Македонци. И тој го стори тоа, пишуваат Бугарите, инспирирани од одлуките на Коминтерната.

Вечерњи лист потсетува дека земји-членки „сакаат официјално да го наградат Скопје за напорната работа на почетокот на преговорите со ЕУ, и дека Владата на Заев исто така се согласи да го смени името на земјата со цел да се отстранат пречките за почеток на преговорите кои доаѓаа од Грција…

Беше потпишан договор за пријателски односи со Бугарија, кој требаше да ги отстрани бугарските пречки. Но, Бугарите продолжуваат да се закануваат со вето.

Осум специфични барања се однесуваат на толкувањето на Бугарија за тоа како треба да изгледа примената на потпишаниот договор за пријателство со Северна Македонија во пракса.

Македонците треба да се согласат дека во Бугарија нема македонско малцинство.
Жртвите на југословенскиот комунистички режим кои страдаа затоа што се прогласија за Бугари треба да бидат рехабилитирани.

Преку работата на заедничката комисија од историчари и други експерти, двете влади треба да се договорат за „клучните фигури и настани од нашата заедничка историја до 1944 година“, пишува Вечерњи лист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This