April 20, 2024, 12:07 am

ВЕЉАНОВСКИ: Случајот 27 април е политички пpoгoн „сервиран“ од извршната власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политички прогон од извршната власт за да се уценуваат пратениците за гласање на уставните измени, ова се крие зад обвинението за 27 април, тврдеше денеска на судското рочиште, обвинетиот Трајко Вељаноски поранешен претседател на Собранието. Вељаноски пред судот истакна дека обвинителството нема никакви докази за кривичното дело што им го става на товар, но за уцените на извршната власт, вети дека јавноста наскоро ќе дознае. Поранешниот собраниски спикер се изјасни дека е невин на исто рамниште и останатите обвинети Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

Обвинителката Вилма Рускоска го прочита обвинението, според неа обвинетите, се обиделе да го урнат уставниот поредок, за да оневозможат мирно предавање на власта. Иницијална каписла за народот да влезе во Парламентот било пеењето на албанската химна од собраниската говорница, а тоа како што рече Вељаноски не го спречил.

Судењето ќе продолжи на 9 март, за тогаш е планирано обвинетите да дадат свои воведни говори, а ќе сведочи и актуелниот технички премиер Оливер Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This