March 28, 2024, 10:56 am

Вељаноски: Најавите на Заев за смена на Уставот и федерализација на Македонија вметнати во памфлетот на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, СДСМ го вметна во нивниот памфлет кој го нарекуваат програма, истакна на денешната прес конференција Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

trajko-velajnoski

Интегрален текст од прес-конференцијата на Вељаноски

Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата.

Оваа потврда може да се прочита и во памфлетот на СДСМ наречен програма. СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа. Сите суштински елементи на Македонија каква што денес ја имаме.

СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново.

СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164, цитирам: „Ќе воведеме политипни општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на Швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев.

СДСМ задира и во културата. Сегашниот модел според нив е етноцентричен. Затоа СДСМ на страна 188 во политичкиот памфлет пишуваат, цитирам: „Етноцентричната култура ги затвора вратите на нашите сограѓани од другите етнички заедници. Инсистирањето на промовирање на културните вредности само на една етничка заедница ќе доведе до нужна реакција и на другите етнички заедници. Нема да создаваме етноцентрична култура, затворена меѓу четирите ѕида на сопствената етничка припадност. Ќе создадеме решенија што пропорционално ќе ги штитат и ќе ги унапредуваат и другите јазици и традиции, а ќе дадеме поддршка на интеркултурните проекти и мултилингвалните практики.“

СДСМ задира и во сегашниот модел на образование, нудејќи нов мултикултурен концепт. На страна 188 го промовираат тоа што Заев го кажуваше во врска со воведување на двојазичноста уште од детските градинки, цитирам: „Ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓујазична комуникација и во повисоките степени на образованието“.

СДСМ предвидува децентрализирање и на социјалната заштита, управување со земјоделското земјиште, шумите, пасиштата. Скандалозно и опасно е за иднината на нашата земја.

Граѓаните мора да го знаат ова. Граѓаните мора да знаат дека на 11-ти декември одлучуваат меѓу унитарна и суверена Македонија или двојазична, кантонизирана и федерализирана Македонија. Граѓаните мора да знаат дека на 11-ти декември одлучуваат меѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата за која животите ги дадоа илјадници, илјадници Македонци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This