ВЕЌЕ ГО „ОПАШАА“ ДИНАМИТОТ ОКОЛУ ПОЈАСОТ: Се спрема ли нов напад од Косово во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пресудата за терористичкиот напад во Куманово, не само што носи нови тензии во Македонија, туку се погласни се оние Албанци кои сметаат дека се изманипулирани и дека треба на сила да издејствуваат „тиранската платформа“ да се спроведе на дело – пишува руски „Спутник“

Македонското знаме во пламен пропратено со криците „УЧК, УЧК“ и пцости упатени на сметка на Македонците и Србите, но и повици за ново насилство, е пораката која косовските Албанци ја упатија на Македонците по изрекувањето на пресудата во Скопје за албанските терористи за нападот во Куманово во 2015. година. Ниту Зоран Заев, ниту било кој од државниот врв на Македонија не реагираше, ниту за палањето на македонското знаме, ниту за новите закани за насилство.

Аналитичарот од Скопје Александар Митовски поради сето ова стравува дека би можело да дојде до нова дестабилизација во Македонија, а не ја исклучува ниту можноста за нов терористички акт, сличен на оној во Куманово.

Тој потсетува дека 33 терористи се осудени за нападот во Диво Насеље во Куманово, кои добија вкупна казна од речиси 750 години затвор, и потсетува дека најголем дел од нив се од Косово. Освен тоа, Митовски напоменува дека не треба да се заборави и дека оние терористи кои беа убиени во текот на нападот во Куманово, на Косово беа погребани со сите воени и државни почести во организација на тамошната влада – како народни херои.

„Тоа што вчера се случи на Косово беше очекувано да се случи, имајќи во предвид дека поголем дел од тие Албанци се од Косово. Никој во Скопје не реагираше, дури ни со протестна нота до Приштина, а сето тоа само со цел да не се нарушат односите со Албанците во Макдонската влада. Посебно бидејќи тие кои го палеа знамето скандираа ‘Али предавник’, алудирајќи на Али Ахмети (ДУИ), кој е главен коалиционен партнер со Зоран Заев и лидер на најголемата албанска партија во Македонија“, вели Митовски за Сптуник.

Митовски мисли дека ова е една од назнаките дека дел од Албанците за ваквата пресуда го обвинуваат Ахмети, кој како член на Владата, не реагирал, и сметаат дека сакал да ја заштити својата позиција во владеачката коалиција. Дека Албанците се многу бесни, соговорникот на Спутник уверува и со она што се случило за време на изрекувањето на пресудата сред Скопје. Додека се изрекувала казната, обвинетите почнале да скандираат ‘ОВК, УЧК’ и се заканувале дека нема на тоа да се заврши и дека ќе има ново насилство, дека се спремни на војна. А пред судот се наоѓал лик со динамит околу појасот кој сакал да се разнесе пред судот“, вели соговорникот за Спутник.

Инаку, пресудата за терористите од Куманово, која требаше да биде изречена во очи на вториот круг на локалните избори во Македонија, е одложена за по завршувањето на изборите, што е, според зборовите на соговорникот на Спутник, политички потек на Зоран Заев, бидејќи не сакал да ги изгуби гласовите на Албанците.

Заев дефинитивно има проблем со дел од своите коалициони парнтери од коалицијата со Алијанса за Албанците, која е составена од три партии и има три пратеници во Собранието. Нивната неслога би можела да ја сруши Владата, бидејќи се неединствени. Овој раздор подгреан со резултатите од локалните избори, но и изречената пресуда која само долева масло на огнот.

Во тој контекст, овој меѓуалбански судир би можел да доведе до напнатост, па и судири во Македонија. Да биде работата полоша, помеѓу двата круга на локалните избори Алијанса склучи дил со опозициската албанска партија БЕСА за взаемна поддршка против ДУИ. Алијанса сеуште не ја напуштила Владата, и покрај отворениот судир со ДУИ, но Заев веќе го припрема теренот да ја смири ситуацијата. Имено, ако се случи некој од нив да ја напушти владата, нивните места би биле понудени на партијата на Мендух Тачи ДПА. Ваквите политички игри со албанските партии и пресудата која е донесена за Куманово, не само што ја доведува Македонија во нови тензии, туку се погласни се оние Албанци кои сметаат дека се изманипулирани и дека би требало на сила да издејствуваат „тиранската платформа“ да се спроведе на дело.

Токму поради таквите гласини, соговорникот на Спутник е доста сериозен кога вели дека ова е само предигра за „ново Куманово“. Во палењето на македонското знаме во Гнилање учествуваа и навивачите на групата „Јастреби“, демонстрантите на плоштадите во Гњилање и Пеќ ги повикуваа Албанците да ги бранат своите права, и да се борат против, како што трдат, „неправдата која им ја направиле ‘Славомакедонците’“, пренесуваат приштинските медиуми.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This