ВЕЌЕ НАПИШАНА ПРЕСУДА И ДОДЕЛЕНА НАГРАДА: Добрила Кацарска ќе биде нов претседател на Апелација, како награда за осуда за Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паралелно со ваквото тврдење на Димовски кореспондираат и негодувањата за лошото водење на постапката за случајот на тенк, набавка на блиндираниот Мерцедес на што негодуваше и одбраната. Недозволување да се поставуваат прашања, кршење на процедурите, неприфаќање на сведоци се само мал дел од забелешките.

Новинарот Саше Димовски кој што важи за добар познавач на состојбите во судството во текст за порталот Сведок пишува дека се се погласни шпекулациите за Добрила Кацарска која ќе биде новиот претседател на Апелација затоа што ќе биде првата судијка која ќе го осуди Груевски.

Истите судии, Добрила Кацарска и Дарко Тодоровски му судат на Заев за Поткуп и на Никола Груевски за Тенк. се очекува двете пресуди да бидат донесени за брзо време, речиси исто времено, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Добрила Кацарска треба да биде нова претседателка на Апелација, па ќе влезе во историја дека осудила еден екс премиер, а вршела притисок да се притвори и сегашниот премиер, тогаш струмички градоначалник за случајот „Глобал“, пишува Саше Димовски.

Паралелно со ваквото тврдење на Димовски кореспондираат и негодувањата за лошото водење на постапката за случајот на тенк, набавка на блиндираниот Мерцедес на што негодуваше и одбраната. Недозволување да се поставуваат прашања, кршење на процедурите, неприфаќање на сведоци се само мал дел од забелешките.

Истовремено таа дозволи и јавно да се преслушуваат нелегално снимените разговори во судницата, додека пак разговори обезбедени во легална процедура за случајот Поткуп каде е обвинет Зоран Заев, не беа преслушувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This