ВЕЌЕ НЕ Е „ПРО-ЗАПАДЕН“: Главниот уредник на „ТВ 24“, го брише задникот со ликот на претседателот Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизарна навредлива порака за Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп – испрати преку својот фејсбук профил главниот уредник на „ТВ 24“, Огнен Јанески.

Јанески, кој води редакција на телевизија која добива концесија од државата, вели дека му е особено драго што за подарок добил таолетна хартија со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп. На опаковката од таолетната, пишува „Donald Dumb!” или преведено „Доналд Дебилот!“.

-Одличен почеток на денот! Тетка ми Роз од Австралија ми испратила пакетче за Нова Година, во коешто освен што им се радувам на благите работи, радоста за тоалетната хартија со ликот на Доналд Трамп е неизмерна! – напиша Јаневски на фејсбук и во прилог постави фотографија од таолетната хартија.

Јавно искажаниот став на главниот уредник, во медиумскиот бизнис, може слободно да се протолкува како официјален став на медиумот и компанијата. Што значи, „ТВ 24“ отворено завзема реторика против Соединетите Американски Држави кои се стратешки партнер на Република Македонија.

Огнен Јанески дојде на уредничкото место во „ТВ 24“, откако минатиот месец претходниот главен уредник на телевизијата, Младен Чадиковски, стана претседател на Здружението на Новинари на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This