March 28, 2024, 11:45 am

„ВЕЌЕ СУМ ВО ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА“: Роналдо најави крај на кариерата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина. Роналдо веќе повеќе од деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење, но и одличната физичка подготвеност.

Повеќекратниот освојувач на Златната топка има 34 години, меѓутоа по формата и начинот на кои игра остава впечаток дека е многу помлад. Во разговор за телевизијата ТВИ изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата, но исто така би можел да игра уште најмалку шест години.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40. или 41. година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент.“ – изјави Роналдо и додаде:

„Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This