(Вибер комуникација)„Крвта да им ја еб*ш“, „изживувај се ќе бидеш награден“ – Еве како беше нарачано малтретирањето на екипата на Инфомакс од прилепската полициja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски ја објави скандалозната комуникација во инфамозната група „XXX“ составена од високи раководни лица во ПС Прилеп, пораки кои се однесуваат за членови на нашата редакција.

Како што претходно пишувавме екипата на Инфомакс беше приведена на еден метар од штаб на СДСМ во кој се агитираше за време на предизборен молк и се делеше поткуп, а наредниот ден беше физички нападната во штаб на СДСМ во кој снимивме голем број полициски службеници, напад чија цел беше уништување на опремата и снимката која за среќа се уште ја поседуваме.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ја обзнани злосторничката група составена од полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и новинарите на Инфомакс со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење.

Од Игор Нешкоски вработен во МВР бара од своите колеги да биде запрена екипата на Инфомакс, неговиот колега Александар Крајоски бара да им се „ебе крвта“.

-Вака изгледа демократијата во Македонија.

Со нарачки да “им се ебе крвта”, “изживувај се колега ќе бидеш награден”, “застани ги и знаеш што да правиш”, на новинарите на Инфомакс кои само професионално си ја вршеа својата работна задача во Прилеп.

Андреј Лашкоски ja дава конечната наредба за запирање и приведување на екипата на Инфомакс.

Овие ашљаци ги апсеа новинарите на Инфомакс, се изживуваа, неколку пати им земаа изјави во полициска станица.

За овие нарачки, и последиците од овие нарачки тек ќе видите како ќе бидете наградени, пишува на Фејсбук, Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This