(Виде)ЗАЕВ, КОСТА СОЛЕВ РАЦИН Е ОД ВЕЛЕС: Нов гаф и елементарно непознавање на историјата – Заев мисли дека Прличев бил од Велес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во штетните договори кои ги прави со соседните земји, се откажува од македонската историја, на штета на грбот на сите македонски граѓани.

 

Но, кога ќе видиме дека новиот премиер нема ниту елементарно познавање во одредени области, тогаш станува јасно дека Заев не води ниту грижа за големите имиња во македонската историја.

Новиот премиер на Македонија единствено има за цел да им се додоворува на гласачите во пресрет на локалните избори. На пример, на митингот во Велес, отиде да бара гласови за својот кандидат за градоначалник, но истовремено покажа дека за велешани не знае ништо.

-Добровечер Велес, добровечер сограѓани на Рацин, на Џинот, на Жинзифов, на Брашнаров, НА ПРЛИЧЕВ и на уште многу наши македонски дејци, поздрави Заев во Велес.

Велешани уште при првата реченица од неговиот говор, сфатија каков човек бара доверба од нив.

Точно е дека од Велес потекнуваат голем број на важни имиња од македонската историја и големи дејци, но Глигор Прличев не е од Велес.

Прличев е роден во Охрид, а оваа информација се учи и знае уште во основно училиште.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This