April 20, 2024, 11:28 am

(Видео)АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ЗА „РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА“: Владата на СДСМ сака да ги изманипулира граѓаните, тоа нема да го дозволиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како вие лично ќе се однесувате кон референдумот, ќе гласате „За“, ќе гласате „Против“ или ќе бојкотирате?

Па уште не е закажан (референдумот), многу е битно да видиме какво ќе е прашањето и каков ќе е референдумот, која ќе е категоријата и соодветно на тоа да се донесат оценките. Во моментов што и да кажам би било хипотетичка ситуација. Инаку, јас и јавно кажав мислам дека имаме лош договор и мислам дека договорот е штетен.

Договорот за името е веќе познат, премиерот Заев го кажа можното референдумско прашање што чека ВМРО-ДПМНЕ за да го каже својот став како ќе се однесува на референдумот?

Референдумското прашање под услов да е тоа она што го слушнавме од премиерот Заев е апсолутно манипулативно, затоа што законот за референдум е многу јасен во една цела серија на членови, од 20 до 30 член е пропишано како се оргаизира реферндум, и една од работите што ги пишува е дека реферндумското прашање мора да е разбирливо, едноставно и еднозначно. Ова што го поставува премиерот е повеќезначно, односно има најмалку осум до девет комбинации кои можете да ги одговорите. На пример, можете да сте за членство на Македонија во ЕУ, а да сте против членство во НАТО и против договорт за името. Така што тоа е апсолутно манипулативно прашање кое што е спротивно на законот.

На какво прашање инсистира ВМРО-ДПМНЕ кое што смета дека ќе е добро?

Инсистираме на едноставно прашање, согласно законот. Едноставно прашање значи еднозначно прашање – тоа прашање треба да е многу едноставно и треба граѓаните да кажат дали се „За“ или „Против“ договорот со Грција кој што предвидува промена на името.

Значи вие инсистирате во реферндумското прашање да не се споменуваат ЕУ и НАТО?

Апсолутно, за тоа може да има посебен реферндум. Или можеме на истиот ден кога ќе има референдум за договорот, да имаме уште едно прашање кое би се однесувало на ЕУ, трето кое би се однесувало на НАТО, четврто кое што би се однесувало на нешто друго – но мора прашањата да бидат едноставни. Врпочем ние сме имале досега два референдуми во државата и прашањата биле едноставни. И за осамостојувањето и потоа за територијалната организација.

И, ако прашањето е збунувачко како што велите, нели сметате дека е доволен период од два месеци до референдумот за ВМРО-ДПМНЕ да им објасни на гласачите што всушност е прашањето и како треба да се однесуваат кон референдумот?

Ова прашање повторно е хипотетичко. Ова прашање е повеќезначно, односно има во себе има поеќе прашања кои можат да бидат искомбинирани во осум-девет одговори. А вие треба да дадете еден одговор. Тоа е пробемот во прашањето, не дали граѓаните го разбираат или не го разбираат. Разбираат сите што е ЕУ и што е НАТО и што е промена на име. Ама кога ќе ги ставите во исто прашање тогаш не знаете вие на што да одговорите. Некој можеби ќе одговори поврзано со ЕУ, некој можеби поврзано со НАТО, трет поврзано со името. Тоа е манипулацијата во прашањето, и очигледно власта сака да ја направи таа манипулација затоа што се свесни дека потпишаа договор кој не поминува кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, дел членки од таа групација веќе излегоа со поддрша за договорот со името. Зошто вашите колеги од Европа имаат различен став од оној што го имате вие?

Па, има различни членови во ЕПП. На пример, има уште една партија што не го поддржува, а сигурно и сестринската партија од Кипар не го поддржува итн. ЕПП е едно големо семејство на различни мислења. Јас апсолутно имам разбирање за сите оние кои го поддржуваат договорт не само од ЕПП и од Европа и САД, затоа што е факт дека ние имаме проблем со Грција и факт е дека тој проблем треба да се надмине. И кога некој во Австрија или во Унгарија, еве видовме писмо прати премиерот Орбан, или во Германија – канцеларката Меркел ќе слушне дека Македонија и Грција се договориле, прва работа што ќе направи го поздравува договорот. Никој не навлегува во деталите на договор, затоа што тие нема да живеат со тој договор, туку ние ќе живееме со тој договор. А, кога ќе ги видите деталите ќе видите дека се апсолутно штетни за Македонија.

Се обидувате ли да ги убедите за тоа дека договорот е практично лош, и кои се нивните аргументи зошто не го прифаќаат тоа?

Да апсолутно. Имаат потполно разбирање, како што се забележале ЕПП не излезе со официјален став. Има ставови на поедини членки, но партијата не излезе со официјален став, а причината е затоа што имаат став за овие наши позиции.

Ако последниве 10 години по самитот на НАТО во 2008. година е јасно дека нема напредок кон ЕУ и НАТО без решен спор за името, а вие тврдите дека сте Евроатлантски ориентирана партија, како тогаш ќе се напредува кон Евроатлантските структури ако не се реши спорот со името?

Првиот пилар се реформите кои мора да се прават. Вториот е спорот за името. Јас сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција и сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција. И сум апсолутно убеден да имаше Владата поинаква преговарачка позиција, можам да ја објаснам и во кои делови, дека ќе имаше подобар договор. Прво, не може вие да дозволите грчката страна да ангажира 60 меѓународни експерти, пред се адвокати по меѓународно право и експерт-професори по меѓународно право, вие да не ангажирате ниту еден, на крајот да ангажирате еден.
Не може јавно со тактиките што ќе ви бидат во преговорите, и да ги знае другата страна, на начин што вие ги кажувате неколку дена пред да го направите тоа.
Не може да менувате ставови секој месец.
И, најважно. Не може да очекувате да постигнете договор со другата страна и тој договор да ви донесе покривање на политичките проблеми дома. Затоа што во такви услови, другата страна – а да не ја потценуваме грчката диломатија е многу силна – да ви ги знае сите слаби страни и тука да удира. Тоа е дипломатија која е креирана да се бори со една Турција која има 80 милиони жители и на една таква дипломатија и е многу лесно да се бори со дипломатија од 2 милиони жители. Ако уште на тоа ги додадете овие фактори кои ги кажувам, тогаш имате апсолутно лош договор. И ако гледате од грчка страна, треба да им се честита на Грците и на нивната дипломатија, затоа што за нив направија одличен договор. Сметам дека можеме да седнеме да го препреговараме овој договор, затоа што е и во интерес на Грција да се реши ова прашање, а не можам да се согласам дека Грците немаат никаков интерес да се реши ова прашање и можеме да постигнеме апсолутно подобар договор. Договор кој што нема да значи промена на Уставот на Р.Македонија.

Што значи препреговарање на договорт?

Тоа значи дека една идна влада на ВМРО-ДПМНЕ многу подобро би се спремила, би ангажирала многу поеќе експерти околу себе, и доколку сега не помине оваа промена на Уставот – затоа што ако помине треба да се свесни граѓаните дека тоа е завршена работа – но, доколку не помине и не е прифатен од граѓаните и од Македонскиот парламент, ние сме спремни со оваа или некоја друга грчка влада да седнеме и повторно да преговараме, и убеден сум дека ќе постигнеме подобар договор.

11 години претходно ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, преговараше владата на ВМРО-ДПМНЕ со Грција за решавање на проблемот, зошто не успеа таа влада да го реши проблемот со Грција?

Има една суштинска разлика, зашто овој период го направи поволен за решение, а нашата влада не го искористи. Прво треба да го поделиме периодот на пред 2008. година и по 2008. година. До 2008. година сите влади ја имаа прифатено филозофијата на Глигоров која што беше – времената спогодба е на сила, ние официјално го користиме ПЈРМ и со тоа име се зачленуваме во меѓународните организации – и никој суштински не преговараше. По грчкото вето практично започнаа посуштински разговори со Грција. Но притисокот од меѓународната заедница со исклучок на таа 2008.година кон двете страни беше мал, поради три работи кои им се случуваа на нив а кои што им се многу побитни од нашето прашање. Прво се случи светската финансиска криза, само што заврши Европската должничка криза, само што заврши започна мигрантската криза. И клучните луѓе во Европската унија и САД имаа сопствени главоболки. Овие две години 2017. и 2018. се првите две години на апсолутна стабилност и напредок во западниот свет, тоа апсолутно ви го покажува и затоа се посветија на прашањето. И јас мислам дека таа посветеност требаше да се искористи во правилна насока. Таа посветеност сум сигурен дека ќе остане уште неколку години, и треба да ја искористиме за со аргументи, не само со политички настап претставиме подобро решение кое што ќе го прифати меѓународната заедница и ќе изврши притисок врз Грција, како Грција би го прифатила.

Дали вие како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ сте за амнестија за случаите што се водат против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ?

Во однос на СЈО има две работи кои што се непобитен факт. Прва работа е дека СЈО беше политички формирано со политички договор. Втората работа е дека со еден исклучок, нема ниту еден случај против било кој друг освен функционери на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека е чисто партиски напад. И трето, во клучните случаи против поранешното раководство, една е перцепцијата во јавноста, друга е реалноста. Никој од нив не се гони за директна корупција, затоа што тогаш би требало да се предложи конфискација на нелегално стекнат имот кој што го немате. На пример, еве имате една првостепена одлука, никаде таму нема конфискација на имот. Кога ќе ги споите сите три работи ќе видите дека таму има повеќе политика, а многу помалку право. Јас би бил посреќен кога било обратно, кога ова не би било политичка тема и кога би можел судот непристрасно да одлучи. За жал, гледаме обратна ситуација и не можеме да не констатираме дека е политичка.

Јас лично сум сите луѓе кои се обвинети да си ја докажат својата невиност на суд, за да не им стои товар цел живот дека можеби биле виновни ама добиле некаква милост односно добиле амнестија. Проблемот тука е како се поставува СЈО и како се поставува судот. Се уште имаат време да го променат тоа, затоа што најголем дел од случаите се во тек на судење, ние ќе го следиме тоа и соодветно на тоа ќе даваме коментари во иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This