(Видео)АНТОНИО КОНТЕ НОВ ТРЕНЕР НА ИНТЕР: Клубот од Милано има нов тренер, „Добредојде Конте“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По само 24 часа откако ја раскинаа соработката со Лучијано Спалети, екипата на милански Интер го именуваше Антонио Конте за нов менаџер на тимот од Меаца.

Pредизвикот на Антонио Конте е идентичен како оној на Интер: да продолжи да напредува и да го врати клубот на врвот на европскиот фудбал.

“Сигурен сум дека Антонио Конте е еден од најдобрите тренери во светот”, рече Претседателот Стивен Жанг. “Сигурен сум дека тој ќе ни помогне да ја постигнеме нашата цел и да ја исполниме нашата мисија, онаа што секогаш остана иста: овој клуб повторно да биде еден од најдобрите во светот”.

“Почнува ново поглавје од мојот живот, навистина сум возбуден”, коментира Антонио Конте, новиот тренер на Интер. “Преку мојата работа, ќе се обидам да возвратам за целата доверба што ми ја дадоа претседателот и директорите во мене. Го избрав Интер заради Клубот, заради солидните темели на проектот и неговата амбициозност. Историјата на Интер е голема,а бев погоден од искреноста на клубот и желбата да го доведам Интер каде што припаѓа “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This