(Видео)АПАСИЕВ „ДРОБЕШЕ“ НА ДЕНЕШНАТА ДЕБАТА: На крајот ќе останеме со „смкнати гаќи и опинок во глава“ – договорот е ништовен, џабе се силат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот со Грција, потпишан од владата на Заев, поточно Никола Димитров е „клинички мртов“, односно правно ништовен и не може да произведува никакво правно дејство, затоа што не е во согласност со Уставот, вели професорот Димитар Апасиев, додавајќи дека за истиот постојат повеќе правни пречки да профункционира

 

„Тоа нема шанси. Прво имаат џебно вето против кое вие немате правен лек. Еве гледате, се силеа дека ќе го објават во службен весник, што не го објавија? И тие знаат дека не можат да го објават затоа што е кривично дело, и е ништовно.“ – вели Апасиев.

Професорот по право додава дека во договорот јасно се забележува „англо-саксонска номотехника“ во составувањето на договорот, објаснувајќи го фактот дека истиот е пишуван „од тие американците таму“. Апасиев, коментира дека истиот е и замка за нашата држава, правејќи аналогија со примерот на Цицерон кој дава пример за договор кој го склучил Хеленски војсководец.
Имено, спартанецот склучил договор со своите непријатели дека во наредните 30 дена нема да ги напаѓа. Но, тој секоја вечер ги пустошел нивните полиња. Правната оправданост, спартанскиот војсководец ја објаснувал со фактот што тој скучил договор на 30 дена, а не 30 ноќи. Вака, вели Апасиев ќе ни се случи и нас, и тоа се тие затскриени замки во овој договор.

Членот на президумот на „Левица“, понатаму објаснува дека со договорот не се дава сигурност дека Грција нема да отстапи од договороеното, особено ако се знае дека Ципрас нема доволно пратеници да го ратификуваат договорот, односно од потребни 180 владејачкото мнозинство во Грција не може да обезбеди повеќе од 150 пратеници. Во тој случај, објаснува Апасиев ќе се најдеме во ситуација, како што вели Ристо Вртев „со смкнати гаќи и опинок во глава“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This