(Видео)АУДИ Q7 НЕ И МОЖЕ НИШТО НА ЛАДА НИВА: Audi Q7 нема шанси за успех во „натпреварувањето“ со Лада 4×4 во офроуд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лада 4×4 има поголема проодност во услови на руска зима од германскиот кросовер.

И додека за кросоверот од премиум класата Audi Q7 рускиот пат завеан со снег е преголем залак со кој не е во состојба да се избори, Лада 4×4 се движи во истите услови без какви било проблеми, констатираа корисниците на интернетот кои го прегледаа видеото објавено на „Јутјуб“.

На снимката која нејзиниот автор ја нарече „Audi Q7 vs Lada Niva“ се гледа како германскиот автомобил, кој се обиде да одмине едно возило долж работ на коловозот, заглавува во снегот и не може понатаму. Во тој момент во видеото се појавува „Нива“ која без проблем поминува по завеаниот пат. Поточно, во позадината на снимката „Нивата“ „пролетува“ додека нејзиниот германски опонент се обидува да се извлече од навевот.

Љубителите на автомобили заклучија дека снегот и руската зима претставуваат преголемо искушение за Audi Q7 кога треба да се симне од асфалтиран пат.

„Не е Германецот за руска зима“, го коментираа видеото корисниците на интернетот на една од бројните социјални мрежи на која е објавена снимката. Еден коментатор изнесе мислење дека работата всушност не е во автомобилот, туку во сигурните тркала и умешноста на возачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This