April 26, 2024, 11:53 am

(Видео)БАЧЕВ И ПЕТРОВСКИ КОНТРОЛИРАНА ОПОЗИЦИЈА: Во договор со власта го отсраниле кампот пред законодавниот дом – раскол помеѓу демонстрантите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На секоја диктаторска власт во светот и е потребна контролирана опозиција која ќе го канализира гневот на граѓаните и ќе го ситни отпорот против режимот. Кај нас во нашиот случај оние кои го амортизираат гневот на народот се несудениот ,,претседател” Филип Петровски и проевропскиот Рус, Јанко Бачев. Инфомакс ексклузивно дознава дека токму Петровски и генералниоит секретар на Единствена Македонија, Драган Угриновски биле повикани да влезат внатре во Собранието од непознат човек, по што веднаш биле отстранети шаторите од пред законодавниот дом.

Ваквата состојба ја обзнанија од Христијанското Братство кои на Фејсбук жестоко ја критикуваат Единствена Македонија и Петровски поради своеволието да го отстранат кампот од пред Собрание, без притоа да се консултираат со останатите од ,,Македонија Блокира.

Ако досега на опозициски настроените граѓани не им беше јасно која е улогата на овие удбашки структури сега веќе е јасно. Контролираната опозиција требаше дополнително да ги разгневи граѓаните и да прикаже дека само 30 луѓе во Македонија кои ги блокираат улиците и дополнително го навлекуваа гневот на граѓаните се оние кои се против промена на името.

Да потсетиме уште еднаш дека наводно нај проруски расположениот Македонец, Бачев е професор на Меѓународниот Славјански универзитет во Неготино и Битола, каде на своите студенти им предава токму за Европска Унија.

Да не заборавиме дека Филип Петровски токму пред отворено да почне да настапува против својата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ и жестоко да го критикува актуелното раководство во провладините медиуми беше обивнуван дека направил малверзации во институцијата со која директоруваше, Државниот архив.

Христијанското братство кое беше дел од ,, Македонија Блокира” сега се повлекуваат од движењето, откако веќе е повеќе од очигледно дека Петровски и Угриновски се под целосна контрола на Заев!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This