(Видео)„БОМБИ“ И ВО БОСНА: Босански политичар бара секс од кандидатка за работно место – снимен со скриена камера!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На снимката може да се слушне како кандидатката за работното место го прашува политичарот „што ќе биде со нејзиното вработување“ и во еден момент го прашува „Дали треба да имаме секс?“, по што тој одговара „Треба“.

Делегатот на Домот на народниот Парламент на Босна и Херцеговина и генерален секретар на партијата “SDA”, Адмир Хаџипашиќ од Бихаќ е снимен како од жена бара секусален однос во замена за работно место. Станува збор за видео снимка направена во 2013-та година која што дури сега протече во босанските медиуми.

Хаџипашиќ кој што не знае дека жената го снима со својот телефон, на нејзиното прашање „Дали треба да имаме секс“, веднаш и одговара „Треба“. На прашањето каде тоа би го направиле, босанскиот политичар вели дека може „веднаш, тука“.

На прашањето на жената за тоа кој ќе ѝ гарантира дека после тоа ќе биде вработена, тој одговара „Па, јас“. После тоа може да се види како се обидува да ја бакне жената, на што таа одговара да не го прават тоа во тој момент.

https://www.youtube.com/watch?v=WC1WhnkvHJ8

Сепак, босанскиот политичар Хаџипашиќ тврди дека жената со тоа се обидела да го намести и за тамошните медиуми порача дека ништо не се случило, а дел од видео снимата била исечена.

„Исечен е делот кога ѝ реков дека сето тоа завршува и дека не сакам со неа да имам никаква комуникација. Ѝ реков дека сето тоа од моја страна беше шега, затоа што нејзиното прашање беше глупаво. После тоа имаше уцени, се водеше судска постапка, а актерите беа осудени на условна затворска казна и парична казна. Тие ја признаа вината на суд“, изјави Хаџипашиќ за босанските медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This