(Видео)БУГАРСКИТЕ СЛУЖБИ „РОВАРАТ“ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Ристовски открива дека Каракачанов преку Димитрови и Љубчо Георгиевски работат на растурање на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Љубчо Ристовски во дебатната емисија Само Вистина на Канал 5 телевизија истакна дека блокадите на македонските евроатлантски интеграции не се завршени, а по договорот со Грција, Македонија ќе има проблеми со Бугарија. Според него Бугарија во иднина ќе ги блокира македонските интеграции во ЕУ се додека македонската позиција е дека постои македонска нација и говориме посебен македонски јазик. Ристовски посочи дека апизмент политика, политиката на свиткана кичма е докажано неуспешна во светската историја.

-Немој да мислите дека ние сме ја завршиле работата, ако Грција беше едната пречка втората пречка ќе ви биде Бугарија и треба да се отрезните малку и да ги симнете розовите наочари сите и да сфатите кога ви кажува бугарскиот премиер дека се додека вие стоите на позиција дека сте македонска нација и говорите посебен македонски јазик нема ни ч од чекор кон влез во ЕУ и тоа е јасно децидно и декларативно. Не само власта и од опозицијата бугарска. Према тоа немој да се надевате дека Брисел, Вашингтон ќе појде во Софија ќе ги убедува, ќе ги затвара во канцеларии пратениците да гласаат да попуштат итн. Не ќе речат решете си го прашањето со Бугарија, тогаш ќе влезете во ЕУ и во НАТО. Значи во услови на реал политика, само стаменити и достоинствени влади и држави успеваат да одат напред. Влади што ја виткаат кичмата, што ја веднат главата, што се попустливи, што користат апизмент политика од Чемберленд е докажано дека е неуспешна. Ние дозволивме да направиме ништо од македонската нација и македонската држава запаметете и тоа ќе има последици, ќе има многу критички точки во периодот што доаѓа, вели тој.

Тој во јавноста изнесе скандолзни сознанија за бугарскиот план за асимилација на Македонците овој пат од внатре во државата. Ристовски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот т бастион на македонската идеја, и дека бугарските служби на Каракачанов со заедно со помош од Љубчо Ѓорѓиевски и кланот Димитрови ќе направат се да го сринат во корен!

-Ќе се соочуваме со многу премрежја. Ако асимилацијата досега била од надвор сега ќе ни влезе внатре еве за ваша информација, јас ја соопштив таа информација и на Мицкоски. Бугарските безбедносни служби преку Каракачанов, преку Љубчо Ѓорѓиевски и кланот Димитрови и уште некој други лица со огромни пари влегуваат и ќе прават пресврт во ВМРО-ДПМНЕ да го вратат на Ванчо Михајловистичките корења. Во Македонија. Значи сега ќе отпочне еден таков процес затоа што е проценето дека ВМРО е последниот бастион на македонската идеја и тој треба да се срине во корен. Дали се спремни ВМРО-ДПМНЕ или не на овој предизвик, не знаеме, заклучи тој.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/616706345427800/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This