(Видео)ВИКАЊЕ, РАСПРАВИИ И РАЗОЧАРУВАЊА: Ништо од ветувањата на Царовска и Заев – едно им ветувале во законот за стечја напишале друго!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тензично, со дискусии на висок тон и нервоза, протече денес средбата на стечајните работници во Штип кои по донесувањето на т.н. Стечаен закон останаа лути и разочарани. Тврдат, за време на изборите едно им било ветувано, а во Законот пишувало нешто сосема друго:

– Ако го видите Законот ќе забележите дека истиот се однесува на фирми кои заминале во стечај по 1995 година, додека оние пред тоа ги нема. Затоа нема и никој од постарите стечајци кои ги исполнувата условите, рече стечаен работник.

Меѓу стечајците имаше и такви кои се чувствуваа изиграно и обесправено, зашто Законот се однесувал само за одредена категорија стечајци, не за сите:

– Законот се тера само на една страна, само кон фирмите во државна сопственост, а беше кажано дека со амандман ќе бидат опфатени и оние кои с еприватизирале, рече стечајна работничка.

Дури и оние кои ги испочлнувата сите услови и три месеци по поднесувањето на документите, немаат никаков абер од Министерството:

– Помина повеќе од три месеци, немам никаков документ, никакво решение не ми е доставено. Ги исполнувам условите, ама процедурата оди многу бавно, вели друг стечаен работник.

Од друга страна, претседателот на Унит Ќемаледин Арсланов тврди дека во тек се нови законски измени кои ќе им дадат подеднаква шанса на сите:

– Досега со Законот се опфатени околу 120 стечајни работници од Штип, но со измените кои се планираат ќе бидат опфатени сите, ниту еден нема да бида изоставен, кажа Кемаледин Арсланов, прет. на Унит – Штип.

Со измените на Законот кои се во собраниска процедура, ќе бидат опфатени сите стечајни работници кои имаат вкупен стаж од 15 години независно дали истиот е стекнат само во една или во повеќе фирми. Важно е само истите да бидат во државна сопственост. Со овие измени, треба да бидат опфатени дополонителни 1.500 стечајци, од кои околу 150 се од источниот дел на државата.

 

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This