(Видео)Вилма Русковска, Лазе Велковски, Силјан Аврамовски и Горан Николовски прават разузнавачко-политички мecтенки, тврди Фросина Ременски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедносните служби во Македонија се користат за политички местенки, тврди екс-пратеничката на СДСМ Фросина Ременски, оценувајќи го предметот против неа како „класично разузнавачко-контраразузнавачко-полициско-јавнообвиннителска и судска спрега“, посочувајќи неколкумина функционери на МВР како вмешани во ваквите афери.

– Сега пензионираниот Лазе Велковски, Вилма Русковска, Горан Николовски поранешниот директор на УБК, сега незаконски пензионираниот поранешен директор и вечити заменик во управата Силјан Аврамовски и сите мои активности во врска со регистрирање и пријавување на нивните дела и злоупотреби резултираа со еден фид-бек на ова што го зборувам до сега, вели Ременски.

Според неа, се злоупотребувале и медиумите за да се лансираат, како што вели, приказни за оцрнување на политичари и политички неистомисленици.

Ременски објаснува и дека во нејзиниот процес ќе се откријат и детали кои ќе докажат дека Вилма Русковска работи за остварување на други, политички цели кои не се во интерес на правда и правичност.

– Сите промашени обвиненија на Вилма Русковска и организиран криминал години наназад, не денес, не вчера, не утре се само доказ на една класична злоупотреба на таа јавнообвинителска функција во извршвуање на други цели и намери.

Како упад на судската во законодавната власт го смета Ременски обвинението против неа, бидејќи како што вели станува збор за обид преку Обвинителството да се влијае врз неа како пратеник да не делува наспроти нечии политички интереси.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This