(Видео)ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ ВО АТИНА: Први снимки од пожарите во Атина, пеколни сцени – горат куќи, автомобили, шума!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регионалните власти во Атина прогласија вонредна состојба во источните и западните делови на поширокото подрачје на Атина, откако пожарите поттикнати од силниот ветер ја зафатија боровата шума и приморските градови од двете страни на грчката претстолнина. Шест лица се здобиле со опекотини, а премиерот Алексис Ципрас ја прекинал посетата на БиХ

Од двете страни на грчката претстолнина Атина беснеат шумски пожари во кои се запалени куќи, а жителите бегаат, евакуирани се и детски летни кампови, а врз Атина паѓа пепел додека небото поради димот е во портокалова боја, наведува АП.

Во блискиот град Мати, крајбрежната стража со патролен чамец евакуира луѓе кои се заробени од пожарот на плажата.

Се наведува дека првиот пожар денес избил во боровта шума во планината Геранеја близу до крајбрежната населба Кинете на 50 километри западно од Атина, на подрачјето помеѓу главниот град и Коринт.

Напорите на пожарникарите ги отежнува силниот ветер кој често го менува правецот. Поради пожарот евакуирани се три населби и затворени околу 20 килметри автопат кои го поврзуваат Пелопонез со централна Грција. Поради густиот чад, видливоста на автопатот е сведена на неколку метри.

Грчката телевизија „Скај“ прикажа снимки на кои се гледаат неколку куќи во пламен, како и луѓе кои со вода од градинарски црева се обидуваат да го спасат имотот, додека други бегаат со автомобили и на мопеди. Неколку часа по избивањето на пожарите, пепел почнал да паѓа во центарот на Атина.

АП наведува дека друг голем пожар избил во текот на попладневите часови во областа Пентели, североисточно од Атина. Локалните власти соопштија дека ги евакуираат детските кампови, како и дека оганот уништил куќи и автомобили.

Се наведува дека од димот поцрнело небото над грчкото пристаниште Рафина, од каде тргнуваат траектите кон некои од островите Киклада.

Грчките власти објавија дека трет пожар избил во јужниот дел на островот Крит и дека гори земјоделско подрачје и шума.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This