April 25, 2024, 12:35 am

(Видео)ВЛАДАТА ГО КРИЕ ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Граѓаните се посиромашни за 100 милиони евра – податок кој СДСМ го крие од јавноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека опстојувањето на актуелната влада е резултат на бројки, а не на реалното расположение на граѓаните.

-И оние од власта кои се чувствуваат недостижни и лажно ја градат розевата слика, треба да знаат и дека вистинскиот репер е волјата на народот, а таа ќе биде покажана на избори кога оваа најнеспособна влада до сега ќе биде поразена, вели Мицкоски.

Потенцира дека во Македонија продолжува економското цунами. Според него, новата власт ја задолжија Република Македонија, а тоа не им го кажале на граѓаните.

-На веб страницата на Министерството за финансии многу лесно можете да прочитате дека државниот долг е еднаков на 38,7 проценти. Но, вистината е поинаква, бидејќи БДП во 2017 година не порасна, односно остана еднаков на нула, т.ес тој е ист како што беше во 2016 година, тогаш Министерството за финансии треба да го нивелира и податокот за државниот долг кој што сега наместо 38,7 проценти, изнесува 40,7 проценти. За 200 милини евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година. Вчера, во текот на вчерашниот ден, претставници на Светска Банка во Република Македонија презентираа уште еден поразителен факт кој што е резултат на оваа цунами економска политика на владата во Република Македонија, посочува Мицкоски.

Вели дека власта го нивелирала на 2,3 проценти веќе претпоставуваниот и предвиден раст на економијата од 3,2 отсто за 2018. година.

Според него, граѓаните во 2018 година ќе бидат посиромашни за 100 милиони евра, споредено со 2017.

-Третиот поразителен економски показател кој што беше исто така презентиран за време на вчерашната прес конференција на претставници од Светска Банка беше просечниот очекуван раст во периодот од 2017 до 2020 година. И тој ќе изнесува околу 2 проценти што е за два ипол пати помалку од оние фамозни 5 проценти што беа ветувани за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Оваа катастрофална цунами економска политика на владата предводена од СДСМ мора да престане. Доаѓа ново утро за Република Македонија! Доаѓа нова надеж за Република Македонија, рече Мицкоски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This