(Видео)ВМРО ГО НОСИ ЗАВЕТОТ НА ГЕНЕРАЦИИ МАКЕДОНЦИ: ВМРО го носи заветот на генерации Македонци кои ја плаќале највисоката цена за нивната движечка енергија – Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО го носи заветот на генерации и генерации Македонци за независност, слобода и своја суверена, независна држава, Република Македонија. Тие генерации браќа и сестри корави и цврсти Македонци за оваа своја цел, неретко плаќале со највисоката цена, своите животи, но и тогаш сметале дека тоа е премалку за она што преставувало нивната движечка енергија и цел- имала име, а тоа име е Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Битола

-Тоа бил најисконскиот порив на македонскиот обесправен народ, тоа била борба за човечки правдини на сите кои живееле на овие простори, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, столетен пркос кој еволоуирал кон крајот на 19тиот век во нешто што прераснало во организирано движење, подоцна именувано со 4те свети букви В М Р О. И затоа овие букви се габарит и големина, чест, но пред се обврска, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека Александров ќе рече во минатото Македонија даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит.

-Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Секоја чест на тие. И грешат оние кои сметаат, или пак намерно шират тези дека наводно ВМРО-ДПМНЕ поделува, создава граници и подигнува ѕидови, ВМРО-ДПМНЕ е токму спротивното, тоа е заедничкиот покрив на една иста куќа, во која сите ние живееме, чии темели се силни, далеку продрени во земјата, изградени со човечки судбини и животи на многу генерации, кои се обединиле, пред се поради заедничкиот порив, слободарска и своја држава, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ВМРО настанало како резултат на природниот стремеж на луѓето од овие простори, да се организираат, одбранат, да создадат нешто свое и заеднички.

-И таа истрајност е голема, затоа што ВМРО-ДПМНЕ, исто како и ВМРО преставува верба во принципи и вредности. Нешто што трае толку долго, и што обединува толку многу луѓе, мора да е вербата во принципите и вредностите. ВМРО-ДПМНЕ во својата структура и основа ја носи таа слободарска мисла, таа мисла е сонот на многумина пред нас, и наша обврска која мора да ја исполниме за генерациите кои ќе дојдат после нас. ВМРО и Македонија се иста идеја која ги натерала на дело Татарчев, Карев, Делчев, гемиџиите, илинденците и оние потоа, партизаните кои се чувари на огнот и стремежот за своја сопствена држава. Подеднакво и ние денес ја имаме таа обврска, посочи Мицкоски на денешниот протестен марш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This