(Видео)ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ПPOTИВ ДИМИТРОВ: Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров во Собранието, поради неговата одговорност во разградувањето на Македонскиот идентитет со потпишувањето на Преспанскиот договор. Лидерот на опозицијата на својот ФБ профил ги соопшти причините за поднесувањето на интерпелацијата и објави видео-клип со истите

„Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор!

Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси!

Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс!

Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното.
Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување.

Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!“ – напиша Мицкоски.

Димитров е во центарот на шпионски скандал во врска со оддавање на државна тајна во корист на странска држава, откако Викиликс објави документи од кои се констатира дека сегашниот МНР на Македонија работел за разузнувачките служби на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This